Microsoft ќе наплаќа со Bitcoin - Гигантот ја призна е-валутата
Објавено на 12.12.2014 во Новости
Microsoft на големо изненадување ја прифати е-валутата Bitcoin и им овозможи на своите корисници да купуваат апликации и содржини од Windows Store, како и игри, видеа, песни и друг софтвер за Xbox, Skype и Windows.
Ова е едно од најголемите легитимирања на Bitcoin како прифатлива валута на пазарот и одлуката на Microsoft може да влијае позитивно и за останатите компании да ја прифатат. Корисниците ќе може на својот профил на Microsoft да ги пренесат средствата од Bitcoin и потоа ќе им се пресметува колку чинат апликациите и игрите, а дневно може да потрошат до 1000 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.