Samsung се враќа во друштвото на Microsoft

Објавено на 12.01.2015 во Новости



Samsung се враќа во друштвото на Microsoft

Samsung соопшти дека повторно ја разгледува можноста да соработува со Microsoft со нови смартфони кои ќе работат на оперативниот систем Windows Phone 8.1 и во наредниот период ќе прави тестови за да ја провери стабилноста на софтверот.
 
 
Според најавите планирано е Samsung да лансира повеќе смартфони со пониска цена како што е Nokia Lumia 530 во основната и средната класа и се уште е рано да се прогнозира за премиум уред со Windows Phone 8.1. 
 
 
Во изминатиот период Samsung и Microsoft имаа несогласувања околу лиценците за патентираната технологија и доколку се надминат овие проблеми ќе продолжи соработката на повисоко ниво.
Автор: Aleksandar Stankov