LG G4 ќе експлодира со 3K HD дисплеј

Објавено на 01.02.2015 во Новости



LG G4 ќе експлодира со 3K HD дисплеј

Можно ли е LG G4 да направи вистински бум оваа година нудејќи рекордна 3K HD резолуција на дисплејот која е речиси незамислива за еден смартфон. На интернет се појави тест од неименуван смартфон на LG со број на модел LG-VS999 кој има фантастична резолуција на екранот од 2880 х 1620 пиксели, со што смартфонот би има густина на сликата од околу 700 пиксели на еден инч.
 
 
Кога ќе се појават вакви тестови веднаш сите помислуваат дека станува збор за премиум смартфонот LG G4 кој од компанијата е најавен како нешто ново, револуционерно и поинакво од моделите од претходните години и токму со 3K HD резолуција може да постигне врвен успех, па дури да ги фрли во сенка Samsung Galaxy S6 и HTC One M9. 
 
 
Постои и можност ова да е само експериментален модел, но со оглед на храброста на LG Mobile во развојот на нови дисплеи со необични форми и големини, не би не изненадило доколку се решат и на употреба на 3K HD резолуција за LG G4.