Официјално: Samsung Galaxy S6 Edge објавен за прв пат

Објавено на 03.02.2015 во Новости



Официјално: Samsung Galaxy S6 Edge објавен за прв пат

Samsung преку поканата до медиумите ги покажа и првите слики од претстојниот премиум модел Samsung Galaxy S6 Edge кои откриваат доволно за новиот дизајн. Зборот Edge намерно го употребуваме во името на Samsung Galaxy S6 бидејќи според првиот тизер се открива заоблено тело и дополнителен дисплеј на работ слично како со YOUM дисплејот на Samsung Galaxy Note Edge.
 
 
Samsung и претходно преку своите директори даваше мали „провокации“ за јавноста дека дизајнот на Samsung Galaxy S6 ќе биде сосема различен од претходните модели, со употреба на нови материјали и форми и сега конечно имаме и потврда.
 
 
Исто така во голем број наши анализи напоменавме дека промената на дизајнот ќе биде клучна за успехот на Samsung Galaxy S6, па според овие слики може да препознаеме дека ќе биде искористена метална рамка која конечно ќе ја замени пластиката во премиум класата на Samsung.
 
Samsung Galaxy S6 ќе има две моќни верзии
 
Сега, останува уште и промоцијата на Samsung Galaxy S6 Edge која официјално ќе се одржи на 1 март за време на конгресот MWC во Барселона, па затоа подгответе се, не очекува возбудлив период.