Google ќе го руши роамингот

Објавено на 06.04.2015 во Новости



Google ќе го руши роамингот

Google наскоро ќе ја понуди својата мобилна мрежа во САД која ќе се базира на постоечките оператори со додавање на Wi-Fi инфраструктура, но има многу поголеми амбиции, меѓу кои и рушење на роамингот, односно воведување на евтини меѓународни повици.
 
 
За реализација на овој проект Google соработува со телекомуникацискиот гигант од Хонг Конг Hatchinson Whampoa кој има оператори во Велика Британија, Данска, Шведска, Австрија, Италија, Ирска, Макао, Виетнам и Индонезија. Преку операторите на Hatchinson Whampoa корисниците на Google ќе имаат бесплатен роаминг, со надеж дека на проектот ќе се приклучат и голем број на други партнери кои ќе влезат во оваа глобална мрежа.