LG G4 го нападна квалитетот на iPhone 6 Plus

Објавено на 03.05.2015 во Новости



LG G4 го нападна квалитетот на iPhone 6 Plus

LG Mobile на официјалната страна на LG G4 го истакна неговиот огромен адут со 5.5 инчниот Quad HD дисплеј кој е драстично поквалитетен од iPhone 6 Plus кој има Full HD дисплеј со двојно послаба резолуција од 1920 х 1280 пиксели. 
 
 
Самата резолуција секогаш не е пресудна за квалитетот на дисплејот, туку поважна е репродукцијата на боите како каj Samsung S-AMOLED дисплеите или пак острината на контрастот и црната позадина кај LCD панелите. 
 
 
LG G4 може да се пофали дека има одличен баланс на овие категории со 50% побистра слика и подобар степен на осветленост. Сега на ред е Apple да го возврати ударот но, со оглед на огромниот успех во продажбата на iPhone 6 се сомнеаме дека ќе се оптоварува со ваквите споредби на квалитет.




Прочитајте повеќе: