Летната селфи забава започна со Sony Xperia C4

Објавено на 06.05.2015 во Новости



Летната селфи забава започна со Sony Xperia C4

Sony Mobile своите адути секогаш ги наоѓа во квалитетните камери и по успехот на Sony Xperia C3 како еден од првите „селфи“ смартфони следува неговиот наследник Xperia C4 или популарно наречен Sony Cosmos кој е многу помоќен, потенок и со подбар сет на спецификации и во камерите и во хардверот.
 
 
Sony Xperia C4 доаѓа со 5.5 инчен Full HD дисплеј збогатен со Bravia енџинот, има 5 мегапикселна камера со широка леќа и LED блиц на предната страна, додека пак на задната е сместена главната камера со 13 мегапиксели и Exmor сензор.
 
 
Селфи шампионот Sony Xperia C4 располага со 64 битен осум јадрен процесор од Meditek, 2 GB RAM, како и батерија со капацитет од 2600mAh. Xperia C4 може да се пофали и со 3D сараунд звук, Clear Audio, Clear Bass и xLOUD додатоци за звучнците што го прават совршнен телефон за мултимедијални содржини. Наскоро ќе биде објавена и цената на Sony Xperia C4 како и датумот на пласман.