Data Saver ќе ви заштеди пари на Google Chrome
Објавено на 09.05.2015 во Новости
Google Chrome има одлична опција за заштеда на потрошениот интернет што може многу да ви помогне да ја намалите сметката за мобилен доколку имате ограничена конекцијата или пак едноставно понудените гигабајти не ви стасуваат.
Data Saver за Google Chrome може да се активира и за Android и за iOs верзијата на апликацијата. За да го вклучите Data Saver на Android притиснете го копчето во горниот десен агол, a во истото мени за iOs ќе видите и опција за регулација на сообраќајот каде е сместена опцијата Data Saver.
Откако ќе го активирате Chrome дел од интернет страните ќе ги спроведува преку серверите на Google, освен кога сурфате инкогното или со страни кои имаат SSL сертификат. Исто така ќе имате увид и колку сообраќај сте заштедите, па може да процените дали навистина Data Saver има ефект.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.