iPhone 7 да ја реши најголемата грешка на Apple

Објавено на 09.05.2015 во Новости



iPhone 7 да ја реши најголемата грешка на Apple

iPhone 7 или без оглед како ќе се вика новиот премиум смартфон на Apple ќе пристигне за неколку месеци и сега е идеално време да се прават концепт предлози за дизајнот кои најчесто се верни до желбите на фановите. Концепт артистот Мартин Хајек повторно не воодушеви со неговата замисла за iPhone 7 кој треба да ја реши досега најголемата грешка на Apple во поглед на дизајнот.
 
 
Во новиот концепт за iPhone 7 познатото Home копче на Apple е вградено во самиот екран што дизајнерски и технички е многу поатрактвно и доведува до заштеда на просторот под дисплејот. 
 

 

Тука ќе биде вграден и новиот скенер за отпечатоци како и сензори за најразлични активности. iPhone 7 би требало да пристигне на почетокот на есента, а планирани се уште два модели iPhone 7 Plus со 4.7 инчен дисплеј и iPhone 6c со 4 инчен дисплеј, како наследник на iPhone 5c.




Прочитајте повеќе: