Google ќе вети двегодишна софтверска гаранција за Nexus

Објавено на 26.05.2015 во Новости



Google ќе вети двегодишна софтверска гаранција за Nexus

Во пресрет на годинешната i/o конференција се очекува Google да даде нова гаранција за надградба на Nexus уредите најмалку две години откако ќе бидат активирани, додека пак безбедносната подршка со најнови заштити ќе се врши во наредни три години.

Google е познат по тоа што своите Nexus смартфони и покрај тоа што се произведени од различни брендови веднаш ја добиваат новата верзија на оперативниот систем Android, а често се случува новите уреди да бидат промовирани заедно и со новиот софтвер.

Google одлично се покажа при достава на надградбите бидејќи Nexus 4 кој беше лансиран во октомври далечната 2012-та година веднаш ја доби најновата верзија на Android 5.0 Lollipop, а истото важи и за Nexus 7 таблетот. Оваа година пристигнува Android M кој за неколку дена ќе биде откриен за прв пат, а неговата достава ќе биде закажана во текот на есента.