Huawei се пофали дека работи на новиот Nexus

Објавено на 18.06.2015 во Новости



Huawei се пофали дека работи на новиот Nexus

Од внатрешни извори на Huawei пристигнува потврда дека компанијата ќе соработува со Google и ќе го изработи новиот Nexus смартфон со што конечно се добива делумна верификација на шпекулациите. Huawei има што да понуди во дизајнот на Nexus гледајќи од досегашните премиум Acend Mate модели со метално куќиште и врвна изработка.
 
 
Според прогнозите Huawei Nexus ќе биде поголем телефон со екран од 5.7 инчи со Quad HD резолуција, ќе работи со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 и ќе понуди врвни перформанси. Во игра за вториот Nexus смартфон е и LG Mobile кој има долга историја со Google и најверојатно ќе понуди помал 5 инчен Quad HD смартфон. Нивната промоција ќе се одржи заедно со пуштањето во употреба на новата верзија на системот Android M во почетокот на есента.
Автор: Aleksandar Stankov