Надминете го стравот од височина со Google Street View

Објавено на 25.06.2015 во Новости



Надминете го стравот од височина со Google Street View

Треба да кликнете само еднаш за да гледате од дома како се качуваат врвните професионалци на планина висока 1.000 метри. После сите градови, пустини и мориња, Google Street View се префрли на планините и со помош на првите алпинисти го снимаше качувањето на El Capitan - познатата карпа во националниот парк Јосемити во Калифорнија.



Јосемити е една од најпознатите карпи за искачување. Google снимал фасцинантни сцени благодарение на алпинистите Томи Колдвел, Лин Хил и Алекс Хонолд. Google Street View ќе ве искачи на височина од 914 метри, од каде се снимени импресивни кадри.



Тие што имаат страв од височина, ова е идеална шанса за да го надминете стравот безбедно од вашиот дом, за да видите како всушност изгледа искачувањето.



За да снимаат панорамски слики, планинарите користеле специјални камери поврзани со јажиња, за да не се попречи процесот на искачување. Тука можете да го испробате Google Street View.