Stashd - за лесно наоѓање на омилената облека

Објавено на 27.06.2015 во Новости



Stashd - за лесно наоѓање на омилената облека

Модерните бизнисмени настојуваат да ја спојат модата и технологијата. Досега ни се чинеа неспоиви двата различни света - модата и технологијата, затоа што првиот свет е весел и разигран, а вториот е строго ефикасен. Така е создадена апликацијата Stashd, за полесно наоѓање на облеката што ви се допаѓа.



Џесика Вилсон е коосновач на мобилната апликација Stashd - виртуелен шопинг центар. Апликацијата ви овозможува пребарување на облека, спремање на слики и шопинг. За да не мора да се мачите да ги пребарувате сите брендови, Stashd е тука да ви понуди се одеднаш. Знаеме дека за жените не им е проблем трпението кога купуваат, но ете...



Stashd засега е достапна само за iOS 7, но се планира во блиска иднина да се прошири и за Android и Windows Phone. Повеќе детали за апликацијата има тука.