iOs 7 го прави iPhone водоотпорен !?

Објавено на 25.09.2013 во Новости



iOs 7 го прави iPhone водоотпорен !?

Не верувајте во се што ќе прочитате на интернет (освен на telefoni.com.mk), бидејќи лажна кампања тврди дека надградбата на оперативниот систем iOs 7  ќе го направи вашиот iPhone водоотпорен, што доведе одреден број на неиформирани корисници навистина да поверуваат и да ги оштетат своите смартфони.
 
 
Оваа лажна кампања за iPhone кружи низ социјалните медиуми и во неа се тврди дека со надградбата на iOs 7  ќе се активираат сензори кои во случај на допир со вода или влага ќе ги исклучат клучните компоненти на смартфонот. Рекламата е изработена баш во стилот на Apple и лесно е да се поверува доколку немате голем број на информации за работата на iPhone кој никогаш досега не бил изработен за да ги исполнува водоотпорните стандради.
 
 
Од друга страна во самиот iPhone навистина има вградено сензори но, тие служат како детектoри за штета со кои Apple може да одбие да ви го поправи смартфонот доколку дошол во допир со вода и поради тоа настанал дефект, што секогаш паѓа на вина на корисникот и гаранцијата не важи во таков случај.
 
Во продолжение прочитајте и дел од гневните коментари на измамени корисници на Twitter.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: