Samsung Galaxy S6 Duos освежен со Android 5.1.1

Објавено на 03.07.2015 во Новости



Samsung Galaxy S6 Duos освежен со Android 5.1.1

Samsung може да ужива во аплаузите на отворена сцена бидејќи за само две недели успеаа да ги стави во процес на надградба речиси сите топ смартфони, меѓу кои сега влегува и Samsung Galaxy S6 Duos кој го добива Android 5.1.1.
 
Критичарите ќе речат дека ова е една од помалите надградби на Google и не се нуди ништо ново, но со самиот процес на ажурирање Samsung покажува дека неговите смартфони навремено ќе ги добијат и идните надградби на Android софтверот. Во најновиот пакет има вклучено подобри контроли во главното мени, поправка на неколку грешки од претходните верзии и постабилни операции.
 
Автор: Aleksandar Stankov