Le 1s - Нова кинеска атракција за 200 долари

Објавено на 27.10.2015 во Новости



Le 1s - Нова кинеска атракција за 200 долари

LeTV како еден од најголемите кинески ТВ гиганти се пробива и на пазарот на смартфони со Le 1s кој е изработен според веќе добро проверен рецепт, а тоа е моќен сетап на компоненти, квалитетна изработка и многу ниска цена од само 200 долари.

Le 1s е четврт смартфон во серија на LeTV и сега нуди многу поконкретен дизајн кој нема голем број на позајмени елементи, туку сопствен израз со тенко тело од 7.5 милиметри, а располага со 5.5 инчен IPS LCD дисплеј со HD резолуција од 1080p. 

Голема атракција во внатрешноста на Le 1s е осум-јадрениот Helio X10 процесор од Mediatek, надополнет со 2 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна ISOCELL камера и Android 5.1.1 Lollipop оперативен систем.





Прочитајте повеќе: