3 причини зошто вреди да го почекаме Galaxy Note 5

Објавено на 06.07.2015 во Новости



3 причини зошто вреди да го почекаме Galaxy Note 5

Секоја година има голема возбуда пред промоцијата на Galaxy Note моделите но, оваа година има посебно чуство бидејќи по 5 години очекуваме нешто сосема ново, редизајнирано и помоќно. Со Samsung секогаш постои можност за разочарување како со Galaxy S4, но оваа година имаме три причини да веруваме дека Galaxy Note 5 ќе растури.
 
 
Како прво Galaxy Note 5 слично како и неговиот брат Galaxy S6 ќе биде целосно редизајниран со Project Nirvana, што значи дека формата на фаблетот ќе добие сосема нова естетика, функционалност и ергономија. Втората причина поради која со нетрпение го чекаме IFA саемот е најавата за најмоќен хардвер кој оваа година сите ќе ги засени вклучувајќи го и iPhone 6s Plus. 
 
 
И конечно Galaxy Note 5 заслужува да биде во нашите приоритети поради иновативноста на Samsung за кој претпоставуваме дека токму со овој смартфон ќе сака да ја обезбеди доминацијата во празничната сезона и да го порази Apple кој во овој момент нема што да понуди драстично креативно и корисно.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ