Instagram отсега со фотки со 1080p резолуција

Објавено на 07.07.2015 во Новости



Instagram отсега со фотки со 1080p резолуција

Со оглед на тоа што Instagram е наменет за користење на мобилни уреди, најмногу смартфони, фотографиите што се прикажуваат на апликацијава се многу мали. Резолуцијата на фотографијата изнесува 640 пиксели, што веќе не се вклопува со високите стандарди и можностите на денешните смартфони. Затоа Instagram конечно одлучи да ја зголеми резолуцијата на фотографијата.



Фотографиите што се објавуваат на Instagram сега се прикажуваат во 1080 x 1080p резолуција, но не е секогаш достапна оваа резолуција за сите корисници. Подобрата резолуција значи поостри и побистри слики за корисниците, за што сме сигурни дека ќе се израдуваат и професионалните фотографи, кои имаат сопствено портфолио на оваа социјална мрежа. Сметаме дека со ова Instagram ќе поттикне уште повеќе користење на Instagram и повеќе часови поминати онлајн.