Facebook новости - тргнете ги здодевните содржини

Објавено на 10.07.2015 во Новости



Facebook новости - тргнете ги здодевните содржини

Со новите промени Facebook им овозможува на корисниците полесно филтрирање на содржините на News Feed, односно им дава опција сами да ја уредуваат насловната страница само со вести што ги сакаат. Алатката овозможува корисникот да ги одбере содржините од страниците и луѓето што сакаат постојано да ги следат.



Новости има и за новите страници, кои корисниците отсега полесно ќе може да ги најдат. Тој алгоритам ќе функционира така што ќе ги следи страниците што корисниците порано ги лајкувале.

За да ја примените новата функција, треба да кликнете на „News Feed Preferences“, во менито на апликацијата, а потоа на „More“ во долниот десен агол на интерфејсот. Новата функција е достапна само за корисниците на iOS, а надградбата за Android и десктоп компјутерите доаѓа уште наредната недела.

Автор: Aleksandar Stankov