Huawei наскоро ќе објави нов смартчасовник за мерење на притисок

Објавено на 03.11.2021 во Новости



Huawei наскоро ќе објави нов смартчасовник за мерење на притисок

Ликстерот Changan Digital King од Weibo објавил во Кина дека Huawei ќе открие нов смартчасовник на крајот на месец ноември. Новиот модел на Huawei смартчасовник би требало да има тракер за мерење на крвен притисок. Во месец мај 2021, Хе Ганг, претседателот на Huawei Consumer Business Smartphone изјави дека првиот смартчасовник на компанијата со мерач на крвен притисок, го поминал тестот за да се смета за медицински уред.

Тогаш Ганг изјави дека уредот ќе биде лансиран дури во втората половина на 2021 година, што значи дека и ноември е во игра. Во октомври месец, Food and Drug Administration службата во провинцијата Гуангдонг објавила список на одобрени продукти, при што на списокот имало медицински електрокардиограм (ECG) и тракер за крвен притисок. Претходните мерачи на притисок биле во обична форма, но сега ќе може да се пренамени и за медицински цели.

Во септември имаше извештај дека Huawei регистрирал нов уред со името Huawei Watch D во European Union Intellectual Property Office (EUIPO), за кого имаше шпекулација дека ќе биде со SpO2, или мерење на кислород во крвта, како и мерење на крвен притисок. Инаку, Huawei е вториот најголем снабдувач на смартчасовници глобално за време на втората четвртина од 2021 година, а со оглед на тоа што се блокирани од САД за компоненти, значи дека ова е најголем успех.

Инаку, Huawei претходно објави дека Huawei Nova 9 е конечно достапен за купување во Македонија.