Надградба на Dropbox за iOS – конечно слики со висока резолуција

Објавено на 24.10.2012 во Новости



Надградба на Dropbox за iOS – конечно слики со висока резолуција

 

Сервисот за автоматско прикачување на слики од мобилни уреди за Dropbox, во верзијата за iOS повеќе нема да ги упропастува сликите кои се прикачуваат.

Веќе неколку месеци Dropbox за корисниците на Android и iOS нуди автоматско прикачување на слики од нивните мобилни уреди, но на iOS сервисот значително го намалуваше квалитетот на сликите, некогаш и доста драстично.

За среќа, во најновата верзија, 1.5.6. оваа грешка е конечно поправена, па така нема да се нарушува оригиналниот квалитет на сликите.

Сепак, имајте предвид дека додека резолуцијата на сликите нема да се менува, за заштедување простор ќе се компресираат сликите. Па така, може да се загуби дел од квалитетот на боите и детали, што Dropbox го надоместува со скратено време на снимање на сликите.