Apple ќе не шокира со новите производи

Објавено на 21.04.2013 во Новости



Apple ќе не шокира со новите производи

 

Стив Вознијак, ко-основачот на Apple, излезе во јавноста со многу поинаква изјава од тоа што сме навикнати да го слушаме од него во последно време. Според Вознијак новите уреди на Apple навистина ќе ја шокираат и изненадат јавноста.
 
 
Поранешниот партнер на Стив Џобс на неколку наврати низ минатите месеци беше навистина критички настроен кон неговата поранешна компанија и до некаде беше во право очекувајќи од новиот менаџмент да создаде нешто навистина добро, односно производ кој ќе го врати воодушевувањето на кориснците од Apple.
 
 
Дали на овие производи мисли Стив Вознијак
 
Вознијак е свесен дека бизнис моделот на Apple од секогаш зависел од пласман на нови производи или редизајн и внесување на нови функционалности на веќе нашироко користени електронски уреди, па затоа менаџментот ќе мора да се врати на старите патеки доколку сака да ја зголеми вредноста на акциите и профитот. Затоа би било добро овој пат Apple да го послуша Стив Вознијак кој е голем оптимист за наредниот период.