Apple: зголемен приход и намален профит во првиот квартал

Објавено на 24.04.2013 во Новости



Apple: зголемен приход и намален профит во првиот квартал

 

Apple на прес конференција ги претстави финансиските резултати остварени во првото тромесечје оваа година. За прв пат после 10 години компанијата објави дека има пад во профитот.

Добрата вест е што компанијата е се уште силна и по година ипол од заминувањето на Steve Jobs. Apple остварила приход од 43.6 милијарди долари, што е подобро од предвидувањата кои беа околу 41-43 милијарди долари за овој квартал. Во споредба со истиот период лани, компанијата има остварено мал раст во продажбата на своите производи во САД и Кина.

За жал, сепак глобалниот профит е намален на 9.5 милијарди долари, за разлика од истиот период минатата година кога изнесуваше 11.6 милијарди долари.

Apple продал 37.4 милиони iPhone смартфони, што е повеќе за разлика од 2012 година (35.1 милион), како и одлична бројка за продадени iPad таблети од 19.5 милиони (11.8 милиони за истиот квартал минатата година).

Извршниот директор, Tim Cook, изјави дека и покрај падот на вредноста на акцијата на компанијата, Apple продолжува да го прави она што знае најдобро, а тоа е создавање на иновативни производи. 





Прочитајте повеќе: