Прикажана човечката страна на Google Glass

Објавено на 15.06.2014 во Новости



Прикажана човечката страна на Google Glass

Првите паметни очила Google Glass не се насекаде еуфорично прифатени, особено во областа на Сан Франциско каде се случија повеќе инциденти и сопствениците на ова врвно парче опрема беа нападнати. Затоа Google се обидува да ги прикажа како корисни и прифатливи уреди за околината и дека со Google Glass не се создава никаква штета на никому.
 
 
Во САД се прославува Денот на татковците па токму Google Glass се искористени во снимањето на омилените моменти кога татковците си играат со своите деца. Да потсетиме Google Glass се продаваат по цена од околу 1500 долари и ако тоа не е доволна пречка за поголема продажба тука е и големиот отпор на многу локали кои забрануваат нивно користење, па се сомневаме дека Google преку една една реклама ќе успее да го смени мислењето на јавноста.

Автор: Aleksandar Stankov