Креаторот на Android раскина со Google

Објавено на 31.10.2014 во Новости



Креаторот на Android раскина со Google

Енди Рубин е еден од основачите на тимот кој го создаде Android во 2003 година, по што набрзо компанијата беше откупена од Google. Енди Руби долго време беше одговорен за развојот на најпопуларниот оперативен систем, се до минатата година кога му го отстапи местото на Сундар Пичаи, а сега соопшти и дека целосно ја напушта работата во Google.
 
 
Исто како и во 2013 година нема голем број на детали зошто Енди Рубин го напушта Google, но најверојатно не станува збор за незадоволство и кавги со раководството. Енди Рубин на повеќе наврати изјави дека е човек од предизвик и сака да работи на создавање на нови компании, откако претходните проекти биле успешни. 
 
Се уште не е официјално но, Енди Рубин планира да отвори бизнис инкубатор за сите идеи и стартап компании во областа на создавање на хардвер и нова технологија. Од Google кратко изјавија дека му посакуваат успех во понатамошната работа.