Двата супериорни нови модели на Samsung

Објавено на 15.07.2015 во Новости



Двата супериорни нови модели на Samsung

Samsung со намера дава по малку нови информации да протекуваат во јавноста секој ден, што можеби е малку заморно за нивните обожаватели. Ги откриваме можните нови спецификации за двата нови екстравагантни модели на Samsung - едниот со екстра перформанси, а другиот со супер-голема резолуција.



За едниот модел се вели дека ќе биде моќен како компјутер и ќе се појави наскоро - Samsung Galaxy Note 5. Тој би требало да биде смартфон со 4GB RAM меморија. Толкавата RAM меморија имаат денешните просечни компјутери, што навистина не импресионира. Компанијата очигледно го прави тоа за да ги подобри перформансите или дава простор за поголеми можности и подобар софтвер. Note петката би требало да поддржува безжично полнење и интересно за дизајнот е што се очекува да има стаклена позадина.



За другиот модел на Samsung наводно доаѓа финансиска поддршка од државата, за екстравагантен смартфон со резолуција од 11К, односно 2.250 пиксели по инч. Промоцијата на технолошката супериорност на новиов модел е планирана за време на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, 2018 година. Државата Јужна Кореја, како и неколку приватни фирми, планираат да го финансира овој голем залак со 23 милиони евра. Овој модел е планиран да се лансира на пазарот во 2020 година.