Samsung без раст оваа година, но конечно стабилен

Објавено на 16.09.2015 во Новости



Samsung без раст оваа година, но конечно стабилен

Samsung не може да се надева на огромен раст оваа година со продажбата на телефони бидејќи интересот за смартфоните во премиум класата веќе е добро распореден, а тука е и огромната конкуренција од Apple со одлична продажба на iPhone 6s и годишен раст од 19 проценти. 

Сепак, Samsung може да здивне бидејќи продажбата на Galaxy S6 и Note 5 смартфоните ќе се стабилизира и повторно ќе се врати на одличните бројки на продажба од 50 милиони уреди. 

Со ова темпо Samsung веќе има надежи за 2016-та година кога сите вложувања во одличниот Exynos процесор, заоблените дисплеи, врвниот дизајн и моќните перформанси, конечно ќе се исплатат.