Google бесплатно ќе ги заменува фаличните Nexus 5X модели

Објавено на 27.10.2015 во Новости



Google бесплатно ќе ги заменува фаличните Nexus 5X модели

Неколку корисници се пожалија дека новиот смартфон Nexus 5X има проблеми со дисплејот со појавување на жолти дамки и линии што не е ништо ново во мобилната индустрија и најчесто овие недостатоци сами од себе исчезнувале. Сепак, од Google соопштија дека секој корисник кој ќе налета на фаличен Nexus 5X ќе добие бесплатна замена, што е одличен потег.