Стаклото на Nexus 6P лесно се крши

Објавено на 09.11.2015 во Новости



Стаклото на Nexus 6P лесно се крши

Корисниците на Nexus 6P се почесто се жалат на слабиот квалитет на изработка и забележан е случај на кршење на стаклото на задната страна и предната страна додека смартфонот бил во џебот на сопственикот.

Претходно во тестовите на издржливост се докажа дека конструкцијата на Nexus 6P е прилично слаба и може многу лесно да се превитка. Одговор од Huawei кој стои зад дизајнот се уште нема, а ако продолжат овие инциденти ќе мора и Google да превземе одговорност во поправката на оштетените смартфони.