LG и Wallmart лансираа смартфон за помалку од 10 долари

Објавено на 16.11.2015 во Новости



LG и Wallmart лансираа смартфон за помалку од 10 долари

Wallmart како еден од гигантските синџири за продажба во САД со помош на LG Mobile го лансираа најевтиниот смартфон на сите времиња LG Lucky L16 кој чини само 9.82 долари и служи како најава за претстојната шопинг сезона пред Денот на благодарноста кога се купуваат подароци за блиските. 

LG Lucky L16 како што може да се очекува за парите нуди сосема основен сетап составен од 3.8 инчен диспле, четири-јадрен процесор, 1 GB RAM, 4 GB меморија, слот за мемориска картичка, 3 мегапикселна камера и Android KitKat оперативен ситем. Ваквиот потег може да инспирира повеќе трговски и технолошки брендови за некоја екстра понуда за празниците.