Кина сака да биде лидер со најголема 5G мрежа до 2025г.

Објавено на 04.11.2019 во Новости



Кина сака да биде лидер со најголема 5G мрежа до 2025г.

Кина очигледно сака да биде лидер во 5G мрежата, со оглед на тоа што моментално ја поседува најголемата 5G мрежа во светот. 5G услугите во Кина од операторите чинат по 18 долари месечно, кои овозможуваат неверојатно поголема брзина во преземање и пренос на податоци, како и постабилна конекција.

China Telecom, China Mobile и China Unicom имаат 5G пакет за почетна цена од 18 долари за 30GB интернет сообраќај месечно. Експертите сметаат дека оваа цена моментално е висока. 5G мрежата ја има во 50 градови во Кина, при што во Шангај има дури 12.000 5G базни станици за 5G покриеност, а до крајот на 2019 година уште 130.000 5G базни станици ќе бидат пуштени во употреба. Досега има пријавено над 10 милиони корисници за 5G пакети. GSMA предвидува дека Кина до 2025 година, ќе лидер во глобалната 5G револуција со над 600 милиони корисници.