Qualcomm ќе има Quick Charge технологија и за евтини телефони

Објавено на 29.07.2020 во Новости



Qualcomm ќе има Quick Charge технологија и за евтини телефони

Новата технологија што ја претстави Qualcomm, треба да ја наполни просечната батерија на смартфон со 4500mAh од 0 до 50% за само 5 минути, а до 100% за само 15 минути. Како што порачуваат од Qualcomm, уредите со Quick Charge поддршка ќе се најдат на пазарот оваа есен, но се уште не се кажува за што станува збор.

Quick Charge технологијата на Qualcomm ја има кај Snapdragon 865 и 865 Plus процесорите со полначот од 100w. Оние што имаат послаби процесори може да добијат ваква технологија - 600 и 700 серијата.