Интернет Експлорер ќе исчезне од Интернет во 2021

Објавено на 20.08.2020 во Новости



Интернет Експлорер ќе исчезне од Интернет во 2021

Мајкрософт објави дека после 25 години, прелистувачот нема да го има на Интернет од 17 август, 2021 година. Компанијата официјално ја објави веста на својот блог, на која пишува дека Мајкрософт нема повеќе да објавува вести на Интернет Експлорер 11, од 30 ноември, 2020 година. 

Сметаме дека Мајкрософт дури и предолго се задржа со оваа одлука за прекинување со работата со прелистувачот Експлорер, со оглед на тоа што две ипол децении се провлекува со овој тотален неуспех. Успешен проект на компанијата на Бил Гејтс е Еџ 5 прелистувачот, кој го претстави пред неколку години.