Android корисниците да внимаваат, има опасна програма на интернет

Објавено на 22.09.2020 во Android



Android корисниците да внимаваат, има опасна програма на интернет

Изворниот код за опасен малвер што ги напаѓа банкарските услуги на Android е објавен на јавен форум со цел да се заштитиме од нови напади. Од компанијата Kaspersky велат дека креаторите на тројанецот Cerberus се обиделе да го продадат малверот на кибернетски криминални организации, но не успеале и го напуштиле проектот, кој оттогаш е достапен за сите.

Експертите за компјутерска безбедност забележале моментален пораст во бројот на мобилни уреди заразени со тројанецот, оти криминалците го злоупотребуваат тој комплексен и софистициран малвер за да измамат Android корисници од цела Европа.Додека да исчезне овој малвер, се предупредуваат корисниците да преземаат апликации исклучиво од Play Store, така е најбезбедно, исто како што е пожелно да го надградат и својот софтвер кога ќе излезе достапна надградба.