Nokia со процесор од 1.4GHz и WP7.5

Објавено на 18.10.2011 во Новости



Nokia со процесор од 1.4GHz и WP7.5

 

На веб-страната на развојниот тим на Nokia се најде нов смартфон, познат само како Nokia 710, кој наводно доаѓа со процесор од 1.4GHz и Windows Phone Mango.
 
„Неофицијалниот“ смартфон доаѓа со 3,7 инчен TFT дисплеј со резолуција од 480x800 пиксели, процесор од 1.4GHz и RAM меморија од 512MB. Од позади ќе има камера од 5 мегапиксели која ќе може да снима видео клипови со HD резолуција од 720p.
 
Телефонот ќе има внатршена меморија од 8GB, а како поважна новина е што на телефонот ќе се најде слот за MicroSIM картичка која досега не е видена кај ниту еден смартфон на Nokia.
 
Иако веќе има коментари дека тоа би можел да биде Nokia Sea Ray кој јавноста треба да го види кај и да е, но засега нема други информации за него.