Истражување потврдува дека и жените сакаат видео игри, ама на телефон!

Објавено на 11.02.2021 во Игри



Истражување потврдува дека и жените сакаат видео игри, ама на телефон!

Со истражувањата е утврдено дека просечно сите гејмери се над 30 години и се татковци на 3 деца. Дури 41% од жените признаваат дека обожаваат видео игри, но само на смартфони, а не за конзоли и компјутери.

Анализата опфатила 2 илјади луѓе од Велика Британија, спроведена од Mirror. Просечниот гејмер е семеен човек со дом и заработува 40.000 фунти годишно. Мажите преферираат да играат најмногу Call of Duty и Fortnite. Мажите најмногу сакаат спортски и акциски игри, додека жените сакаат стратегии и загатки.