Apple со итна надградба за iPhone
Објавено на 09.03.2021 во Новости
Apple лансираше итна софтверска надградба за iPhone смартфоните со која се наоѓа решение за неодамна откриен пропуст во Safari интернет прелистувачот кој може да доведе до сериозни злоупотреби.
Надградбата на оперативниот систем iOs 14.4.1 е минимална но, многу значајна бидејќи пропустот во WebKit за Safari може да биде искористен за плсоррање на малвер и злоупотреба на уредите на корисниците.
Надградбата за iPhone кај корисниците најверојатно ќе стигне автоматски преку системот за известување, а рачно може да проверите во менито за опции во делот за наоѓање и надградба на нов софтвер.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.