Русите најавуваат изградба на сопствена вселенска станица до 2025

Објавено на 21.04.2021 во Новости



Русите најавуваат изградба на сопствена вселенска станица до 2025

Руската вселенска агенција во вторник изјави дека сака да воспостави своја вселенска станица до 2025 година, затоа што Москва сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS). Шефот на Roscosmos, Дмитриј Рогозин, објави дека започната е изградбата на првиот модул за новата станица откако службените лица предупредија дека Русија го планира заминувањето од ISS, една од ретките области каде што Москва соработува со западните држави.

Објавата доаѓа точно во време на тензии настанати поради обвинувањата за шпионажа, групирање на се поголем број руски и западни војници на украинските граници, новите санкции на Вашингтон над Москва и се полошата здравствена состојба на Алексеј Навални, главниот критичар на рускиот претседател на Владимир Путин. ISS е еден од најамбициозните проекти со соработка на човештвото во историјата, формиран во  1998 година. Во него учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција.