YouTube ослободен од обвинение од Европскиот суд за наводно „кршење на авторски права“

Објавено на 22.06.2021 во Новости



YouTube ослободен од обвинение од Европскиот суд за наводно „кршење на авторски права“

Френк Питерсон поднесе тужба против YouTube и Google за прекршување на авторски права во Германија. Причината е што корисниците на видео мрежата во 2008 година пренеле неколку фонограми, кои тој авторски ги заштитил. 

Европскиот суд донесе го ослободи YouTube од обвинение, кој е во сопственост на Google, како и другите платформи, дека не се одговорни за прекршување на авторски права за содржина, која што корисниците ќе ја пренесат на своите профили на платформите под одредени услови. Ова не е прв таков случај да се побара одговорност поради заштита на авторски права во Европа. 

„Моменталната состојба, е операторите на интернет платформите да не комуницираат сами со јавноста за содржината што е заштитена со авторски права, а кои што илегално ги објавиле корисниците на овие платформи“, изјави Европскиот суд на правдата.