Galaxy Z Fold 3 спецификациите на тапет, Flip 3 е со двојно поголем надворешен екран

Објавено на 28.06.2021 во Новости



Galaxy Z Fold 3 спецификациите на тапет, Flip 3 е со двојно поголем надворешен екран

Очекуваме Samsung да ги открие следните преклопни смартфони за еден месец отприлика, а во меѓувреме протекуваат информации од наистакнатите ликстери. Камерата под панелот на Galaxy Z Fold 3 нема да биде премногу очигледна за да се пронајде, при што најголемите промени se кај дизајнот на камерата, според Ice Universe.

Galaxy Z Fold 3 ќе ги има истите димензии на екранот како и претходникот, што значи дека главниот дисплеј ќе биде 7.56-инчи, со резолуција од 1768 × 2208 пиксели и 6.23-инчи со 832 x 2268 пиксели резолуција кај надворешниот екран. Кај Z Fold 3 ќе има имплементација на S Pen, а доказ за тоа е сертификатот од FCC. Моменталниот Z Flip има 1.1 инчен надворешен дисплеј со лимитирана функционалност, додека Flip 3 ќе добие зголемен 1.9-инчен панел. Двата телефона ќе бидат со Qualcomm Snapdragon 888 процесор, а претставувањето се очекува на 3 август, при што цената се очекува да биде пониска во споредба со нивните претходници.





Прочитајте повеќе: