Смртта на биткоин милијардер може да направи тектонски поместувања на крипто пазарот

Објавено на 30.06.2021 во Новости



Смртта на биткоин милијардер може да направи тектонски поместувања на крипто пазарот

Мирчеа Попеску, почина на 40 годишна возраст, затоа што се удавил во Костарика. Се уште се испитуваат причините за неговата смрт, која може да предизвика тектонски поместувања на крипто пазарот.

Зошто? Милијардерот Попеску поседувал милијарди долари во Биткоин, па затоа медиумите шпекулираат дека тоа може да доведе до нестабилност на пазарот. Инаку, тој бил романски претприемач и блогер, кој почнал со купо-продажба на биткоин во 2012 година и така се стекнал со големо богатство, кое тежи речиси 2 милијарди долари во биткоини во средината на април 2020 година.