Samsung Galaxy Z Fold 3 со цврст IPX8 дизајн и легендарниот S Pen

Објавено на 12.08.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Fold 3 со цврст IPX8 дизајн и легендарниот S Pen

Samsung традиционално во август ја претставуваше новата Note серија, но овој пат беше заменета од Fold и Flip серијата на преклопни смартфони. Note нема да биде оставен во историјата, туку ќе биде пролонгиран за во иднина. 

Samsung ги презентираше Samsung Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, новите безжични слушалки Galaxy Buds 2, Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic, за кои претходно пишувавме

Samsung Galaxy Z Fold 3 е поцврст, поиздржлив и доаѓа со S Pen

Новата верзија на Samsung Fold е со подобри можности, Z Fold 3 доаѓа со IPX8 ознака што гарантира отпорност на вода, а куќиштето од Armor Aluminium ви обезбедува цврстина и издржливост, а во комбинација со Corning Gorilla Glass Victus, флексибилниот екран би требало да остане без гребаници. Z Fold 3 нема предна камера, затоа што е скриена под самиот екран, со цел корисниците да може целосно да го искористат 7,6-инчениот Infinity Flex екран.

Како што е сега поголем екранот, Samsung се потрудил да овозможи апликациите да се користат на целиот екран. Така е ажурирана опцијата Multi-Active Window, која што овозможува користење на повеќе апликации истовремено, а со опцијата App Pair може да поврзете различни апликации за истовремено користење. Тука е новиот Taskbar, кој овозможува брзо префрлање од апликација на апликација без да се вратите на почетниот екран.

Тука е смарт стилусот S Pen, кој сега може да се користи и за Z Fold 3. Доаѓа во две верзии: S Pen Fold Edition и S Pen Pro. Двете верзии имаат врв што се повлекува за да не дојде до ненамерно оштетување на екранот.