Недостатокот на чипови затвори погони на Toyota, а Ford ја стопира Fiesta

Објавено на 21.08.2021 во Новости



Недостатокот на чипови затвори погони на Toyota, а Ford ја стопира Fiesta

Производството на Toyota досега се одвиваше непречено благодарение на големите залихи со делови, но глобалниот недостаток на чипови си го направи своето и мора да се мерки. Toyota поради таа причина привремено го прекинува производството во одредени погони, што значи пад на производството од планираните 900.000 на само 540.000 возила месечно.

Се работи за најголем прекин во производството на автомобилската индустрија, во поновата историја. Се разбира, ова не е се, затоа што Ford објави исто така привремено стопирање на производството на Fiesta. GM исто така го задржа производството само со најпрофитабилните SUV возила.