iPhone SE 3 ќе биде најевтиниот 5G смартфон на Apple

Објавено на 13.10.2021 во Новости



iPhone SE 3 ќе биде најевтиниот 5G смартфон на Apple

Apple наводно ќе го открие iPhone SE 3 во пролетта 2022 година, кој можеби нема да биде ништо посебно во дизајнот, туку само во хардверот. Тоа е најважно за корисниците што сакаат да купат iPhone, но не многу скап. Доаѓа со 4.7 инчен дисплеј и Touch ID сензор за отпечатоци на прсти.

Под хауба ќе го има моќниот Apple A15 процесор, што го имаме сега во iPhone 13 серијата, Qualcomm X60 modem, и поддршка за 5G мрежа во SE серијата за прв пат. Очекуваната цена на iPhone SE 3 би требало да биде околу $399 како и неговиот претходник iPhone SE (2020), што ќе биде најевтиниот 5G iPhone на Apple.





Прочитајте повеќе: