Претставена е COVID пропусница во облик на микрочип за вградување во рака

Објавено на 22.12.2021 во Новости



Претставена е COVID пропусница во облик на микрочип за вградување во рака

Стартап компанијата Epicenter од Стокхолм, Шведска, го претстави новиот начин за носење на COVID пропусници со вградување на микрочип под кожата. COVID имплантата може да ја вчита било кој уред со NFC (near-field communication) технологија, која што се користи за бесконтактно плаќање и за отклучување на врата без клучеви.

На видеото одозгора може да погледнете како нивниот микрочип функционира со сопствен пример. Може да се вчита со едноставно доближување на телефонот до тој дел на имплантата на раката. 

Автор: Aleksandar Stankov