Џек Дорси смета дека оваа криптовалута ќе го замени доларот

Објавено на 24.12.2021 во Новости



Џек Дорси смета дека оваа криптовалута ќе го замени доларот

Џек Дорси неодамна се повелече од местото на извршен директор на Twitter, компанијата во која што беше ко-основач. Додека управувањето со социјалната мрежа го препушти на Параг Агавал, се уште останува првиот човек на компанијата за дигитално плаќање - Square, иако својата кариера и времето ќе ги вложи во други нешта.

Едно од нештата, веројатно и најважното се криптовалутите. Кога пејачката Cardi B го постави прашањето на Twitter дали фановите мислат дека Bitcoin ќе го замени доларот, Дорси се вклучил во разговорот и постирал едноставен одговор: „Да, Bitcoin ќе го замени доларот“.