Microsoft веќе развива нова генерација на Xbox
![Microsoft веќе развива нова генерација на Xbox](https://telefoni.mk/sliki/Image/sliki_novosti/large/2023/03/62381067-xbox530x290_200323_102719.jpg)
Во последните неколку недели низ мрежата се прошируваат информации за плановите на Sony и Nintendo на пазарот за игри. Регулаторните тела се уште расправаат за аквизицијата на Microsoft за Activision Blizzard, која „тежи“ 70 милијарди долари.
Регулаторите во повеќе земји спроведуваат истрага дали со таа аквизиција Microsoft ќе ја загрози конкурентноста на пазарот на видео игри. Microsoft тврди дека нема да има никакви промени и најави пристигнување на оваа игра на конзолата на Nintendo, додека Sony понудиле договор според кој секоја нова верзија на CoD во текот на следната децанија била достапна на PlayStation истиот ден кога била и на Xbox.
Microsoft веќе го спрема и наследникот на Xbox Series X и S. Според објавените документи, Microsoft веќе почнал со развој на нови верзии на своите конзоли, кои што ќе ги заменат актуелните модели.