Gmail за iOS доби надградба
Објавено на 10.09.2012 во Новости
Иако се чекаше малку подолго, конечно пристигна надградба на Gmail за iOS.
Надградбата дозволува линкови од Gmail да се отвораат директно во Chrome, ако сте од оние ретки кои го преферираат Chrome пред Safari, како и некои други витални сигурносни и функционални закрпи.
Ова значи една апликација од Google помалку која не отвора линкови во Chrome – тука не мислиме ниту на Google Search апликацијата бидејќи на некој начин функционира како засебен пребарувач.
Претпоставуваме дека следни на листата кои ќе ја добијат оваа опција ќе бидат Google Drive и Google Voice.
Ако сакате да го пробате Gmail, одете на следниов линк.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.