Barnes & Noble го претстави 7 инчниот Nook HD и 9 инчниот Nook HD+

Објавено на 27.09.2012 во Новости



Barnes & Noble го претстави 7 инчниот Nook HD и 9 инчниот Nook HD+

 

Barnes & Noble претстави два нови таблети – 7-инчниот Nook HD и 9-инчниот Nook HD+, при што и двата целат кон високата класа, а имаат доста ниска цена.

7 инчниот модел е достапен во варијанта од 8 и 16 гига внатрешна меморија, кои чинат 200 и 230 долари. 9 инчниот Nook HD+, во САД, може да биде ваш за 270 и 300 долари за 16 или 32 GB вградена меморија.

Екранот на 7 инчниот Nook HD има неверојатна резолуција од 1440 × 900 пиксели, додека поголемиот брат нуди дури 1920 × 1280 пиксели. И двата имаат 1GB RAM меморија и TI OMAP 4470 процесор на 1.3GHz (за 7 инчниот) и 1,5Hz (за 9 инчниот).

Исто така, новите таблети имаат поддршка за Wi-Fi конекција (без 3G), Bluetooth, слот за мемориска картичка и B&N интерфејс поставен врз Android 4.0 Ice Cream Sandwich.

Што се однесува до продажбата, во САД таа ќе започне во октомври, додека Европејците ќе треба да почекаат до ноември.





Прочитајте повеќе: