HTC One VX е поефтината варијанта на HTC One X+

Објавено на 03.10.2012 во Новости



HTC One VX е поефтината варијанта на HTC One X+

 

Освен најавата на HTC One X+, достапен ќе биде уште еден нов смартфон, овој пат тоа е поефтината варијанта наречена HTC One VX, но нека не ве лаже пониската цена, овој смартфон и натаму е еден од најдобрите што може да ги најдете на пазарот.

Спореден со HTC One X+, овој смартфон ќе поседува дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 процесор со капацитет од 1.5 GHz и може да се каже дека има многу сличности со веќе докажаниот HTC One V. Мал недостаток е вградената меморија од 8 GB, но тоа лесно се решава со добра мемориска картичка.

Единствена разлика од HTC One X+ е тоа што ќе биде лансиран со OS Android 4.0, но HTC ветува дека ќе следи и надградба со Jelly Bean. Исто така и оние кои веќе поседуваат HTC One X или HTC One V ќе може многу наскоро да ги надградат своите смартфони со Jelly Bean, на кој се наоѓаат значителни подобрувања.